Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека ” имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите.
Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но, постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици, рекол Рама.
Што се однесува до коментарите од Косово откако на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шплц им го испрати својот нацрт-статут за формирање заедницата на српски општини според Рама ” во умовите на оние што се против предлогот, и во Приштина и во Белград, се комунистите “.
Посочил дека тоа го направил за доброто на регионот зашто „регионот не е само на Косово и Србија, туку и наш“.
Мило ми е што напорите да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО беше добро прифатен од нашите сојузници, а за оние што се спротивставија без да ја знаат содржината, и во Приштина и во Белград, кажувам две работи. Прво, тие што зборуваат вака сè уште живеат во комунизам кога политиката се однесуваше на тоа кој нешто рекол, а не што кажал. Второ, тие се навистина тие што сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш. Така што, ако уште мислат да играат војна, четврт век по војната, на нашите сојузници им го снемува трпението затоа што бараат мир, оценил Рама.
Изразил благодарност кон сојузниците за поддржаниот Предлог-статутот за ЗСО што е негов “конкретен придонес во дијалогот и, соодветно, за надминување на ќорсокакот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.