Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш го повтори повикот албанските имигранти да се вратат и да работат и инвестираат во својата земја.

Во реакција на социјалните мрежи наведува дека платите се зголемиле и до илјада евра во домашниот туристички сектор.

Затоа, советува тој,  работата во туризмот во Грција, Италија или каде било во Европа, како албански имигрант веќе не е подобар избор од работата во Албанија, од Тет, на север до Ксамил, на југ.

Значително зголемените плати и многу пониските даноци и трошоци од каде било на друго место, ја прават работата во албанскиот туристички сектор денес подобар избор отколку во другите земји наоколу, пишува Рама.

Младите од оваа земја масовно ја напуштаат земјата, не само во Грција и Италија туку и во други земји на Европската унија и Обединетото Кралство.

Поради тоа во многу сектори, вклучително и туризмот има недостиг на работна сила. Дел се пополнува со работници од Филипини и Индија, но по кус престој тие заминуваат, најчесто во западноевропските земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.