Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Москва го подгрева конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир, со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто почне во насока на конфликтот во регионот.
– Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави се за да запали нов фитил, изјави Рама во интервју за германски Шпигел.
Рама вели дека симпатиите кон Москва се силни во Србија и во Република Српска.
– Осумдесет отсто од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Запад во Украина, ако можете да го кажете тоа, додаде Рама.
Тој наведува и дека жителите на регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат.
Премиерот на Албанија ги повтори претходните зборови дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.
– На крајот на денот, сега има процес на мир и помирување, иако овој процес ќе трае долго, рече Рама.
Тој исто така смета дека „има длабока поделба меѓу црногорското и српското население во Црна Гора“, но додаде дека е добро што постои Отворен Балкан.
– Во последно време на Балканот има охрабрувачки случувања. Затоа сакам Србија, Албанија и Црна Гора да создадат некаква мини-шенген зона за подобра размена, вели Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.