Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката пресконференција со албанскиот премиер Еди Рама, во Тирана, изјави дека е потребно воспоставување стабилност во Западен Балкан а преговорите со Албанија и Македонија да почнат за време на француското претседавање.
– Несомнено, треба да употребиме се што имаме во рака. Не може да има војна во Европа а Европа да не ја употреби сопствената моќ да го стабилизира западен Балкан. Вистина е дека во овој процес ние гледаме воспоставуваме долгорочна стабилност на Балканот. Не можам да дадам време за оние кои чекаат во овој процес за интеграција. Ние треба да донесеме одлука и да одиме напред во работата. Цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање.Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен, изјави Вархеји.
Во моментов не се одвојуваме од Македонија, но доколку не почнат преговорите во јуни ќе побараме одвојување, рече премиерот Рама.
Пред неколку дена во врска со најавите дека Албанија ќе бара раздвојување на европскиот пат на Тирана и Скопје, Османи рече дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама е цитирана неточно, додавајќи дека тој рекол оти ќе ги праша граѓаните, а не дека Албанија одлучила да бара раздвојување од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.