Албанскиот премиер Еди Рама објави реконструкција на владиниот кабинет во четири клучни сектори, а кажа и кој ќе биде првиот парламентарец.

Од функцијата министер за внатрешни работи заминува Таулант Бала, а на негово место доаѓа Ервин Хоџа, генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата.

Бала ќе биде државен министер за односи со Парламентот, функција на која до сега беше Елиса Спиропали, која, пак, ќе биде нова претседателка на законодавниот дом, по повлекувањето пред два дена на Линдита Никола, поради здравствени причини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.