Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Подгорица изјави дека неделава не отишол во Приштина „да се ожени“ со косовскиот премиер Албин Курти.

И не се каравме како младоженец кој е одбиен. Имам спротивни ставови со премиерот на Косово за конкретната ситуација. Тој ја гледа како ситуација што треба да ја реши без да се сретне со мене – рече Рама на прес-конференција со премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, одговарајќи на прашање за односите меѓу Албанија и Косово.

Тој рече дека нагласува и повторува дека, без разлика на ставот на Европската унија (ЕУ), секогаш ќе го кани премиерот на Косово на средби поврзани со Берлинскиот процес и дека „Курти е секогаш во свој дом во Тирана. “.

На прашањето дали верува дека ќе се сретне со Курти во Тирана на 17 јули, тој одговори дека е должен да го покани, но не може да го донесе, „далеку од тоа дека ќе го киднапира“ и „не можам да исклучам дека нема да дојде“.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, на прашањето дали комуницирал со Курти, рече дека се сретнале пред неколку дена во Македонија.

Не сакаме да влијаеме на ниту една страна, само понудивме, ако сакаат да се сретнат овде, секогаш се добредојдени. Не добивме одговор, но не видов никаква негативност во однос на оваа понуда – рече тој.

Рама рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ не е единствена и дека е неопходно да се посвети на Берлинскиот процес.

На новинарско прашање дали Албанија се откажа од „Отворен“ Балкан, Рама рече дека „не е негова приватна компанија што може да ја отвора и затвора, тоа е заедничка иницијатива на неколку земји“, но ја повтори изјавата дека „Отворен Балкан“ ја исполни својата мисија“.

Треба да бидеме посветени на Берлинскиот процес, Албанија е домаќин на Берлинскиот процес и не можеме да дозволиме да бидеме дефокусирани, а имаме шанса да вклучиме финансиски план на ЕУ во процесот – рече Рама.

Рама рече дека, како и секогаш, е особено задоволен кога ќе се сретне со премиерот на Црна Гора, Абазовиќ бидејќи „тој е еден од ретките во овој дел од Европа кој на политиката гледа како на граѓанин, а не како на припадник на нацијата“, изјави албанскиот премиер.

За нас е многу важно на претстојниот самит на НАТО да имаме заеднички став во однос на ситуацијата во регионот. Идните генерации нема да ни простат ако не направиме се за да ги решиме конфликтите кои произведоа големо крвопролевање и отворија длабоки поделби и омраза во регионот – рече Рама.

Тој рече дека во рамките на Берлинскиот процес сакаат да го искористат самитот во Тирана каде, како што рече, сака „да имаме унифициран пристап и да ја добиеме целосната поддршка“ од Германија во тој процес.

Рама изјави дека го информирал Абазовиќ за неформалната средба на 17 јули во Тирана со претставници на ЕУ.

Ние во никој случај не сме подготвени за конфликт, но сакаме да функционира мирот, луѓето да добијат што е можно повеќе можности, работни места и приходи, а не да слушаат бајки за херои кои припаѓаат на минатото – рече Рама.

Абазовиќ рече дека целта на посетата на Рама на Подгорица е да се „деескалира ситуацијата во регионот“ и да се сврти регионот кон иднината.

Фокусот на регионот мора да биде на напредокот и заедничкиот пат кон Европската унија, рече тој.

Иницијативата на премиерот на Албанија е поддржана во Црна Гора. Ние не поддржуваме каква било форма на насилно решавање на проблеми. Заинтересирани сме се да биде мирно и да генерираме што поголема стабилност – изјави Абазовиќ, пренесува Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.