Премиерот Еди Рама и честиташе на Џорџа Мелони, која денеска и официјално ја презеде функцијата премиер на Италија.
Шефот на албанската влада во објава на Твитер и честита на првата жена избрана за премиер од италијанскиот народ.
Посакувајќи и на својата колешка среќа и успех на функцијата премиер наведува дека Албанија и должи многу на Италија, со која „нè врзува античко и братско пријателство“.
Честитки за првата жена повикана од народот да ја води Италија, земја на која Албанија и должи многу и со која сме врзани со античко и братско пријателство, кое отсекогаш ги инспирирало односите меѓу нашите влади. Со среќа! напиша Рама на Твитер.
Џорџа Мелони положи заклетва пред претседателот заедно со 24 министри и стана првата жена премиер во историјата на Италија.
Таа го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 минатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.