Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија, искоментира албанскиот премиер, Еди Рама, за време на Форумот на ГЛОБСЕК 2023 кој се одржува во Братислава.

Рама ја критикуваше ЕУ посочувајќи дека е тажно што требало да се случи војна за да се разбуди.

Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутиски изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, но ништо конкретно не се правеше. Најзпрепастувачки беше кога не’ погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во нивните граници. Кога дојдоа вакцините дистрибуцијата не го зеде во предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија. Со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албаниија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години, за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни пружаат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 посто од поддршката за инфраструктуира, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 осто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош“, рече Рама.

Заклучи дека ЕУ мора да отвори нов пат на соработка во поглед на финансиите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.