Заменик-министерката за внатрешни работи на Бугарија, Тања Рајчева, на неформалниот состанок на Советот „Правда и внатрешни работи“, кој се одржа во Прага, изјави дека од почетокот на конфликтот во Украина,бвугарските служби блокирале околу 50.000 ИП адреси и околу 500 домени од Русија и Белорусија, од кои се извршени обиди за хакерски напади во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на национално ниво во Бугарија се прават активни напори за спротивставување на дезинформациите и лажните вести.

Рајчева ја потврди и подготвеноста на Бугарија за размена на информации, добри практики и соработка за конкретни прашања и како пример го посочи директниот контакт меѓу раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина.

Бугарската министерка порача дека Бугарија ги поддржува сите акции на ЕУ и европските агенции со нивните аналитички производи и оперативен капацитет за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија во руско-украинскиот конфликт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.