Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио“ го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот мандат за формирање влада во таа држава.

Нема Радев модел, има Устав. Таму многу јасно пишува дека кога партиите не можат да формираат влада, претседателот е должен да именува. Партиите, што сакаат да ја избегнат одговорноста за владеење во време на криза, се кријат зад преодната влада, рече Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.