Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека тој е првиот што бил излажан од „Продолжуваме со промената“, која ја обвини дека ја украла надежта на граѓаните за вистински промени.

Шефот на бугарската држава ги коментираше зборовите на Асен Василев дека тој редовно се среќавал со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

Дали редовно се среќавам со господинот Борисов? Секако дека не!, рече Радев и додаде:Ова не е прва лага на Асен Василев. Јас бев првиот што ме излажаа кога им верував на овие луѓе и сега ја плаќам цената за мојата лековерност, рече претседателот на Бугарија.

Беше грешка дури и да ѝ дадеме шанса и да дозволиме таквите луѓе да ни ги украдат надежите за промена. Промената која Бугарите долго ја очекуваа не се случи. За жал, Бугарите добија лага. Ќе ги надживееме тие шарлатани – рече Румен Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.