Силно невреме придружено со силни ветрови го погоди регионот во средата. По Словенија и Хрватска, во Србија пристигна во вечерните часови.

Една од најдраматичните снимки направени за време на невремето што го зафати Загреб е онаа на која се гледа како ветрот соборува висок кран кој потоа паѓа на пат. За време на падот имало маж во кабината на кранот.

За среќа останал жив, а една работа му ја спасила главата – „раката“ на кранот, бидејќи прво паднала таа, а врз неа паднала и кабината во која седел 36-годишниот работник кој се здобил со тешки повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.