Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето. Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено. Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.