Маја Јовановиќ, генерален секретар на српското  Биро за борба против трговија со луѓе во врска со исчезнувањето на Данка напоменува дека деца на таа возраст многу личат еден на друг. Исто така, децата на таа возраст можат да бидат лути на своите родители и да ги игнорираат.

Значи не е потврдено дека на снимката е девојката Данка Илиќ и во тој случај потрагата мора да продолжи – изјави Јовановиќ.

Здравковиќ прашува како успеале толку брзо да ја поминат границата ако на тоа видео навистина се наоѓа Данка.

 

Ако е тоа вистина, дека тоа е Данка, тоа укажува дека  родителите се во неволја. По исчезнувањето на детето, по 20 минути на лице место била и полицијата од Бор. Сè уште е многу краток период за да се помине границата. Ова укажува дека детето претходниот ден веќе преминало во Романија, од Романија во Виена. Исто така, ако киднапирањето беше поради некаков интерес за пари или трговија со органи, детето немаше да биде однесено на вакво јавно место – вели Здравковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.