Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер го испрати началникот на Генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ во регионот Рашка на границата со Косово, пренесува новинската агенција „Франс прес“.

Задачите кои ѝ се дадени на српската армија се прецизни, јасни и ќе бидат целосно спроведени, изјави генералот за српската телевизија „Пинк“ по состанокот во Белград со претседателот Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останатиот воен врв на земјата.

Тој додаде дека ситуацијата е „сложена, комплексна, бара воено присуство долж административната линија и во наредниот период војската ќе биде насочена кон извршување на задачата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.