Српскиот претседателски кандидат Здравко Понош, кој според прелиминарните резултати освои 11,3 отсто од гласовите, синоќа изјави дека тој и опозициската листа Обединети за победа на Србија победиле во урбаните средини во земјата и дека изборите се почеток на крајот на Српската напредна странка на претседателот Александар Вучиќ.
Се обидовме да покажеме дека е можно да се занимаваме со политика без лаги. Дека е можно да не се користи говор на омраза, да се разговара учтиво со политичките противници, во просторот што го имавме на располагање. Имав улица и малку медиуми, изјави Понош.
Тој додаде дека со учеството на изборите успеале да го „запалат светлото“ во Србија.
Граѓаните кои се навикнати да живеат во полумрак, а се навикнати на таква средина, откако се запали светлото, видоа средина која всушност е полууништена Србија, вели Понош.
Тој рече дека граѓаните се гледаат себеси како „осиромашени“ и дека тоа е причината за големиот број гласачи на изборите.
Најголемото достигнување на нашите избори и учеството на нив е што го скршивме стравот. Луѓето излегоа. Друг важен аспект од нашето учество на изборите е тоа што ги подигнавме надежите и сега немаме право да се коцкаме со таа надеж. Овие избори се почеток на крајот на Српската напредна странка и на Александар Вучиќ. Нема да чекаме четири години за следните избори, барем не парламентарните. „Ние нема и не можеме да ги предадеме граѓаните на Србија, рече Понош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.