Поддржувачите на Јаков Милатовиќ излегоа на улиците на Подгорица за да ја прослават неговата победа како претседател на Црна Гора. Според првичните резултати, Милатовиќ извојува убедлива победа над Мило Ѓукановиќ.
Покрај знамињата на Црна Гора и ЕУ, на улиците се вее и старото знаме од времето кога Црна Гора беше во унијата со Србија.
Исто така, одекнува песна за Косово („Ој Косово, Косово“), а некои држат три прсти.
Slavlje u Podgorici: Pjesma o Kosovu, tri prsta i stara zastava SR Jugoslavije pic.twitter.com/H82lrQUffn
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) April 2, 2023
„Готов е“, се слушаат скандирања во Подгорица, а се пее и: „Летње кише хладне воде, Мило оде, Мило оде“.
Ѓукановиќ го призна поразот и му честиташе на Милатовиќ. Обраќање на новиот претседател, пак, се очекува околу 23 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.