Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи.
Воедно, неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт.
Денеска, 29 мај, како што наведов како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена, рече синоќа Красниќи, пренесе Бета.
Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“.
Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“, изјави Красниќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.