Мумифицирано тело денеска е пронајдено во Патра, Грција, а тамошната полиција соопшти дека ги истражува сите можности.
Според грчките медиуми, наводно му припаѓа на 67-годишен маж и неговата смрт се припишува на „патолошки причини“.
На локалното стрелиште бил забележан од граѓанин кој ги известил надлежните.
Грчките полициски и воени власти се на терен, јавува ЕРТ.
На местото на настанот е повикано и вештачење од судската медицина, кое ќе утврди дали смртта е предизвикана од кривично дело или од некоја друга причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.