Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш трае веќе 20 дена, а информациите кои кружат за таа вечер се уште се доста контрадикторни. Ново светло на истрагата фрли и податокот дека Периш во неколку наврати се обидувал да стапи во контакт со Маја С., сплиќанката, која исто така во тоа време била во Белград, но не и со друштвото на Матеј.
Таа во Белград пристигнала пред Периш, а според некои медиуми станува збор за девојка која редовно ги посетува ноќните клубови и белградските кафулиња, а се верувало дека Периш ја контактирал поради тоа, гледајќи на социјалните мрежи дека е во Белград.
Откако излезе информацијата дека таа е последниот контакт на Матеј, таа ги исклучи своите профили на социјалните мрежи и се повлече, до сега. Според Маја С., сега жали што не одговорила на повикот на Периш.
Секако, се каам, тоа е најголемата болка од сите бидејќи мислам дека доколку ме извести дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат и што да прават“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.