Претседателот на Република Србија вечерва во 20 часот ќе се обрати на нацијата, соопшти службата за соработка со медиумите на српскиот претседател.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, прес-конференцијата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Република Србија, Петар Петковиќ, која беше најавена за 14 часот, за настаните на северот на Косово, беше откажана.
Од Канцеларијата соопштија дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнево ќе се обрати до медиумите.
Претседателот Вучиќ во своето обраќање до јавноста ќе ги разоткрие сите лаги и подметнувања на Албин Курти, кој е креатор на хаосот и пеколот на Косово и Метохија, соопштија од Канцеларијата за Косово и Метохија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.