Претседтелот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац, членот на Извршниот одбор Кемал Муриќ и претседателот на Бошњачкиот национален сојуз Џеват Хот присуствуваа на регионалниот ифтар во организација на Бошњачката партија на Црна Гора (Bošnjačka stranka Crne Gore)
На ифтарот и на рамазанското дружење присуствуваа и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, пратеникот во Собранието на Србија и претседал на СПП Усаме Зукорлиќ, градоначалникот на Нови Пазар Нихад Бишевац, Делегацијата на СДА Санџак, како и други претставници на јавниот и политичкиот живот на Бошњаците од регионот.
БДС упати благодарност до претседателот на Бошњачката партија на Црна Гора и на сите членови за овој племенит гест со цел јакнење на единството и соработката.
Фото: БДС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.