Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денеска ја прекинал посетата на својот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ на Македонија бидејќи тој застанал на страната на коалициониот партнер кој повеќе не ја поддржува владата на Кривокапиќ.

Претходно, Радуловиќ застанал на страната на вицепремиерот Дритан Абазовиќ, чија партија Обединета реформска акција (УРА) одлучила да ја негира довербата на владата.

Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој морал да се врати од Скопје во Подгорица. Медиумите јавуваат дека Радуловиќ им се извинила на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како лична, непримерна и непрофесионална.

Вчера Кривокапиќ го обвинил Радуловиќ дека интензивно ја промовира малцинската влада за време на неговите дипломатски состаноци од септември минатата година. Денеска премиерот отпуштил и неколку владини функционери блиски до Абазовиќ.

На 4 февруари пратениците ќе ѝ изгласаат недоверба на владата на иницијатива на УРА на Абазаовиќ, опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Бошњачката партија (БС), Албанската листа и Албанската коалиција, Либералната партија (ЛП) и некои пратеници од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.