Албанскиот бизнисмен Фатмир Ара, кој исчезна пред два дена, е пронајден мртов во селото Сан Карло Канавесе во Торино.
Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено на земја, на неколку чекори од темниот автомобил паркиран покрај патот. Според првичните информации, се работи за убиство.
Ара (43) е по потекло од Албанија, а живеел во Мати (Торино).
Неговото исчезнување било пријавено на 2 септември. Обвинителството од градот Ивр работи на расветлување на околностите на случката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.