Пожарот избувна денеска напладне и гори во шумска област во околината на Мелисонас Каристос, на југот од островот Евија, во Грција.
Пожарникарите кои се на лице место добија засилување, бидејќи пожарот избувнал во непристапен дел што им ја отежнува работата, а дува и силен ветер, но не е загрозена ниту една станбена зона, објави грчкиот портал „Прототема“.
На терен се 58 пожарникари и 20 возила, а во функција се и четири авиони и четири хеликоптери.
Освен тоа, денеска околу пладне избувна пожар во земјоделско шумско подрачје во Пелеја, кај градот Краниди, во Арголис на Пелопонез, кој е ставен под контрола.
Тој пожар го гаснат 31 пожарникар и 12 возила, а периодично од воздух учествуваат четири авиони и еден хеликоптер.
Локалните власти ги истражуваат причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.