Сите тројца исчезнати кај Посеида се од Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.

„Еден од нив беше пронајден и донесен со брод. Тој е во добра здравствена состојба. Ги бараме другите две лица. Тие пливаа а потоа се изгубија. Тука брановите се непредвидливи, има доста струи и веројатно ќе треба време да ги најдеме. Се надеваме дека струјата не ги повлекла многу далеку“, рече Темелис Иерисиотис, претседател на крајбрежната стража.

Неофицијално, славеле роденден на плажа, по што одеднаш биле однесени од струите на морето. За нивното лоцирање се користат 3 брода на крајбрежната стража и разни бродови кои пловат во таа област, а исто така во потрагата се користат и хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.