На приемното одделение во Ургентниот центар во Белград се присутни голем број полицајци, а повеќе ранети се донесени во оваа здравствена установа, објавува Нова.рс.
Според репортерот на „Нова.рс“, голем број полицајци се пред Ургентниот центар и не дозволуваат никој да пријде. Досега седум до десет лица од повредените биле тука донесени, а дел од ранетите се префрлуваат во КБЦ Земун и Драгиша Мишовиќ.
Повикани се и други лекари да дојдат и да им помогнат на колегите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.