Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на ОФКАТХ како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отишол на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле.

Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите.

Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Капетанијата на пристаништата ги продолжува увидите за лоцирање на 31-годишникот со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.

Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува страшната мака што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од семејството на 31-годишниот.

Меѓу другото, тој се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите на ОФКАТХ за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиот 31-годишен брат.

Упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата на спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потратата по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме нашата влада и нашето Министерство за надворешни работи да се најде начин да продолжи потрагата, бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме додека не се пронајде Мартин, вели тој и апелира овој негов апел да се споделува.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот сакан Мартин.

Потрагата на доброволците за лоцирање на 31-годишниот Мартин во поширокото море во Посиди продолжуви и вчера, но без резултат. Крајбрежната стража засега ја прекина потрагата поради временските неприлики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.