Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ денеска изјави дека власта во Србија покажала целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем, но дека се уште има простор да се бара компромисно решение.
Тадиќ за телевизијата Н1 изјави дека треба да има национален консензус за изнаоѓање компромисно решение и дека во тоа треба да учествуваат претставници на власта, на опозицијата, но и граѓаните.
Според него, најавата дека Србија денес треба да направи некои отстапки кон Косово и дека за конечното решение ќе се разговара за десетина години, кога на дневен ред ќе биде членството во ЕУ, е „постепено влегување во ладна вода“.
Тадиќ предлогот на ЕУ го оцени како „лицемерна уцена“, чија суштина е „ќе ви дадеме членство доколку пасивно учествувате во независноста на Косово“.
Борис Тадиќ оцени дека најавата на Вучиќ дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СНС е дадена „во страв да не го изгуби новиот култ“ што го градел десет години, што, како што рече, е „бесрамно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.