Со 51,91 отсто од гласовите, поранешниот шеф на кипарската дипломатија Никос Христодулидис е новиот, осми по ред, претседател на Република Кипар.
Христодулидис победи во вториот круг од претседателските избори во земјата со 15 илјади гласови повеќе од неговиот противкандидат, поранешниот дипломат, Андреас Мавројанис, кој освои 48,09 проценти.
На денешните избори гласале 406.626 граѓани, а излезноста е 72,45 проценти.
Планирано е вечерва околу 22 часот да биде инаугурацијата на новиот кипарски претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.