Поранешниот лидер на ОВК и поранешен претседател Косово, Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг.
Со воведното излагање на обвинителството почна судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК , Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Обинетите се за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура сторени за време на воениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.
„Го разбирам обвинението и не сум виновен“, им рече Тачи на судиите во воведната фаза на рочиштето.
Вина не чувствуваат ниту Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.