Голем број на родители со нивните деца ја напуштиле кино-салата на премиерата на новиот анимиран филм „Чудесен свет“ од студиото на Волт Дизни, во кој се прикажува и геј-тинејџерска љубов меѓу главниот лик и неговиот пријател.
Српската модна дизајнерка Нада Николиќ Кречковиќ, која со нејзините две деца решила да остане во салата, преку видео на социјалната мрежа на нејзиниот бренд остро го осуди фактот дека во првите неколку минути од филмот се случува геј сцена. Таа видно вознемиера вели дека сè што се случува во светот денеска е премногу за неа.
Светот оди во многу чудна насока каде што (децата) сè повеќе ќе се среќаваат со вакви појави… Навистина ми е жал што толку многу работи се менуваат, се носат толку многу ужасни закони кои според мене, се штетни за нашите деца. А ако сепак седам и објавувам слики од убави фустани… еве направив мал чекор, бидејќи ова навистина ми е премногу, вели таа во видеото.
Иако многумина родители ја поддржаа во нејзината реакција, на „Твитер“ видеото се споделува како пример за „заостанатост“.
Imam pitanje šta ti je TOO MUCH? Da vaspitaš svoju decu? Da objasniš da svako ima pravo da voli i bude voljen?
ČUDNE POJAVE? Mislite da će neko postati peder jer gleda crtani? Očekujete da vam društvo vaspita decu? Žali bože što se razmnožavate A PEDERE DA OSTAVITE NA MIRU😡 pic.twitter.com/3DcKmfAR1A
— Deda Pera (@dedaperalicno) November 27, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.