Од 1 јануари 2023 година вињетките и патарините во Бугарија поевтинуваат за 10 отсто. Сите видови електронски вињетки за патни возила со вкупна максимална маса до или еднаква на 3,5 тони поевтинуваат за речиси 10%. Така, годишната вињетка ќе чини 87 лева (43 евра), тримесечната ќе биде 48 лева (24е), за еден месец ќе биде 27 лева (14е), неделната ќе биде 13 лева (6,5е), а за викендот ќе да биде 9 лева или (4,5 евра), јави дописникот на МИА од Софија.
Приходите од патарините во Бугарија на крајот на ноември 2022 година се близу 511 милиони лева (256 милиони евра). Приближно 268 милиони лева (134 милиони евра) се од е-вињетки, а околу 243 милиони лева (122 милиони евра) се од патарини, објави бугарската агенција за патна инфраструктура. Во 2023 година, бугарските власти очекуваат приходите од патарини, електронски вињети и патарини да бидат околу 800 милиони лева (400 милиони евра).
Проценките се дека речиси 550 милиони лева (275 милиони евра) од приходот ќе дојде од патарините што возилата над 3,5 тони мора да ги платат за поминатото растојание. Околу 250 милиони лева (125 милиони евра) се очекуваниот приход од е-вињети во Бугарија.
Електронските вињети во Бугарија може да се купат и преку другите продажни канали на Агенцијата за патишта на шалтер против плаќање во лева или преку самонаплата терминал со картичка. На граничните контролни пунктови за влез во Бугарија има поставени шалтери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.