Дирекцијата за координација на полициските тела на Босна и Херцеговина го подигна нивото на безбедност на сите објекти од витално значење, како и објектите на дипломатските претставништва во БиХ поради актуелните настани во Газа, како и најновите напади во Белгија и Франција, пренесува агенцијата Фена.
„Дирекцијата го зголеми нивото на безбедност на амбасадата и резиденцијата на амбасадорот на „Државата Палестина во Босна и Херцеговина“ и испрати барање до Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево да го зголеми присуството на полициски службеници во околината на споменатиот објект“, се вели во изјавата на Дирекцијата дадена за Фена.
Испратено е и депеше до сите безбедносни служби во Босна и Херцеговина, дека со цел да се заштитат и зачуваат граѓаните, како и културните и верските објекти, „да се зголеми присуството на полициски службеници на локалитети каде што се наоѓаат објекти од значење за еврејската и палестинската заедница во Босна и Херцеговина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.