Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун.

Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.

Неофицијални,  дознаваме повредените жени се битолчанки кои патувале за Солун.

Според грчките медиуми, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат.

Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош не биле пренесени во болница и возилата биле преместени покрај патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.