Една од тројцата пациенти тешко повредени поради уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина денеска во 15 часот во Клиничкиот центар на Војводина, соопшти в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај сите напори на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.
Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.
„Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе“, подвлече Туркулов.
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.