Политичките и дипломатските контакти за крај на конфликтот се секогаш корисни, но Украина и Русија „се уште не се таму“, а можната руска нуклеарна закана предизвикува вознемиреност, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во изјава за Си-Ен-Ен.

На прашање на новинарот дали мисли дека сега е време за повеќе дипломатија со Русија, Пленковиќ вели дека на крајот на секој конфликт обично има некакво дипломатско или мирно политичко решение.

За жал, ние сме во средина на агресија, окупација на територии, организирање референдум за нелегална анексија на територијата на друга суверена држава и продолжување на воените операции со воздушни напади и тревога. Мислам дека политичките и дипломатските контакти се секогаш корисни, но како што јас гледам, уште не сме дојдени до таму. Од почетокот бевме загрижени за употребата на конвенционално оружје, а камоли за тактичко оружје, заканата од нуклеарно оружје. Апсолутно сите се ужаснати дури и од можноста да се разгледа тоа, рече Пленковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.