Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.

„Во дијалогот треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Премиерот на Хрватска денеска во Загреб ја прими премиерката на Србија која допатува на Големото собрание на Српскиот национален совет.

Предвидено е пред учесниците на состанокот да се обратат премиерите на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.