Холандските инспектори интензивно трагаат по осомничените петмина, кои извршија маскиран напад на саемот за уметност и антиквитети и одзедоа посебен жолт дијамант, а сите сомнежи паѓаат на групата „Пинк Пантери“ од Балканот.
Вооружениот грабеж се случи во раните утрински часови на 29 јуни на саемот за уметност TEFAF во MECC во Мастрихт.
– Во грабежот нема повредени, но украден е накит, жолт дијамант, единствен од ваков вид во светот. Бараме најмалку петмина бегалци и има блиска соработка со белгиската и германската полиција – соопшти локалната полиција.
Last month at the TEFAF Art Fair. pic.twitter.com/acVr9XmhNB
— Jerry Saltz (@jerrysaltz) July 27, 2022
Тие дадоа детален опис на овој грабеж и соопштија дека по делото уапсиле две сомнителни лица, но по информативен разговор се пуштени на слобода.
– Набргу по грабежот, полицијата уапси две лица, млади момчиња на возраст од 22 и 26 години и двајцата биле од Белгија. Овие две лица управувале сиво возило со белгиски регистарски број кое било запрено на А2 пред тунелот Вилем-Александер во правец кон југ – велат од полицијата и додаваат.
Тие се однесувале толку сомнително што тогаш имало доволно причини да се уапсат под сомнение дека се вмешани во грабежот. Но, тие беа ослободени на 30 јуни и повеќе не се осомничени за овој грабеж.
Овој грабеж ја крена цела Холандија на нозе и сите се прашуваат дали крадците на дијаманти се Срби.
– Се сомнева дека се „Пинк Пантери“ од Балканот, и дека најверојатно се Срби, бидејќи се повеќе од познати членови на оваа озлогласена банда – пишуваат холандските медиуми.
Инспекторите излегоа на 4 јули и објавија нови фотографии и видео од грабежот. На фотографиите јасно се гледаат лицата на разбојниците, нивното бегство, како и сликата на можен петти член на бандата.
– Непознат маж, инаку, петтоосомничениот, им купил билет на четворицата разбојници за да можат да влезат на саемот. Полицијата се сомнева дека очилата што ги носеле разбојниците се дел од нивното маскирање – наведуваат холандските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.