Бугарскиот премиер Кирил Петков одржа вонредна седница на Советот за безбедност, соопшти владината прес-служба.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на седницата се разговарало за состојбите во регионот на Источна Европа и на Балканот во врска со ризиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и можните сценарија за развојот на ситуацијата.
Министерот за одбрана, Драгомир Заков, истакнал дека позицијата на Бугарија во НАТО мора да биде јасна и предвидлива и дека тоа е насоката во која работат бугарските институции.
Премиерот Петков, од своја страна, ги повикал безбедносните служби да продолжат да даваат оперативни информации.
Во бугарското Народно собрание министрите за одбрана Драгомир Заков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска учествуваа на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која била презентирана актуелна информација од бугарските служби за безбедност за конфликтот во Украина и ризиците и заканите што произлегуваат од него на регионален и глобален план.
Според министерот Заков, Бугарија го штити својот воздушен простор со своите ловци МиГ-29, така што земјата нема можност никому да дава авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.