Бугарскиот премиер, Кирил Петков, вечерва се појави пред Собранието, каде што се одржа протест по разрешувањето на претседателот на Народното собрание, Никола Минчев.
Бугарија ќе биде нормална и европска земја. Само заедно можеме повеќе. Нема да ве изневериме, ќе победиме. Додека сме тука исправени и уште имаме пулс, нема да им ја предадеме државата на овие мафијаши, рече Петков.
Пред Народното собрание на Бугарија денеска се одржа протест за поддршка на сменетиот претседател на Собранието Никола Минчев и на владата на премиерот Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија.
Демонстрантите се децидни дека гласањето во Народното собрание на Бугарија е последица на дејствувањето на мафијата. Според нив, се појавува нова четирикратна коалиција, составена од ГЕРБ, Движењето за права и слободи, „Има таков народ“ и „Преродба“.
Сообраќајот на булеварот Цар Освободител, каде што се наоѓа зградата на бугарскиот парламент, беше блокиран додека луѓето нагло тргнаа кон зградата на Народното собрание. Полициски сили се стационирани помеѓу демонстрантите и зградата на Националното собрание, каде што продолжува дебатата за ребаланс на буџетот. Толпата скандира „Мафијата надвор“.
Демонстрантите бараат Никола Минчев да биде вратен за претседател на Народното собрание. Демонстрантите за поддршка на кабинетот на Минчев и Петков сметаат дека актуелната бугарска влада е единствената која во последните години започнала вистински промени во земјата.
Сменетиот претседател на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев отиде меѓу демонстрантите и им се заблагодари за поддршката. Покрај него, кај демонстрантите излегоа и министерот за електронска управа Божидар Бојанов како и неколкумина пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.