Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, за ова прашање ќе се разговара со коалициските партнери следната недела. Тој беше категоричен дека нема функција или позиција што е поважна од спасувањето на Бугарија од кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.