Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Македонија. Не сум потпишал документ од бугарска страна, порача за бугарската јавност денес премиерот Кирил Петков, пред најавената утрешна посета на Македонија.

Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија, Верувам дека во моментов и владата на РМ е свесна за тоа каков голем приоритет е ова за Бугарија и за нас. Заеднички работиме на подигање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество – нагласи Петков.

Според него фактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока – рече Петков.

Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, утре ќе ја престојуваат во Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава. Јотова на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола, а на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“. Во делегацијата според најавите ќе бидат и најревносните провокатори Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.