Бугарската партија Продолжуваме со промените (ПП) нема да го предложи Кирил Петков за старо-нов премиер, изјавил потпретседателот на Бугарското собрание, Атанас Атанасов.

Според него, одлуката била донесена доцна синоќа во Советот.

Атанасов додал дека одлуката ќе биде објавена денеска и ПП треба многу брзо да ги започне преговорите со потенцијалните коалициски партнери за нова влада.

Тој одбил да го каже името на новиот кандидат за премиер, но коментирал дека тој е од партијата.

Ако сериозно ќе се работи на создавање на нова влада, не може да биде на чело со Кирил Петков. Гледам дека ПП реши сериозно да пристапи, додал Атанасов.

Тој коментирал дека се зголемуваат шансите за создавање нова влада и истакнал дека за неколку часа се ќе стане јасно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.