Мораме да го исполниме поголемиот дел од задачите што не се завршени, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред денешниот состанок на Советот на министри, коментирајќи ги односите на Бугарија со Република Македонија.

Петков, како што пренесува БТА, потврдил дека во вторник на 25 јануари ќе биде одржана заедничка владина седница на Бугарија и Македонија во Софија.

Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Нема да губиме ниту минута за да ги претвориме овие ставови во вистински резултати – изјави Петков.

Како важна тема, Петков го повтори транспортното поврзување меѓу двете земји, наведувајќи ја потребата од брза железничка врска меѓу Софија и Скопје, како и директна авиолинија меѓу двата главни града.

Ќе направиме вистински план со реални достигнувања што треба да се постигнат во следните шест месеци – додаде Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.