Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во парламентот се заблагодари за хрватската воена помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на сопственото искуство за да и’ помогне на Украина да победи во војната против Русија.
Во хрватскиот парламент Пелоси потсети како била во Хрватска за првпат во 90-тите години како лидер на демократите во поткомитетот за странска помош и „од прва рака ја посведочила храброста на хрватскиот народ и страдањето што Хрватска го чувствувала во рацете на својот сосед“.
Ѝ благодарам на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина, додаде Пелоси на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.
Јандроковиќ истакна дека првата посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД покажува дека нивото на хрватско-американските односи е „навистина високо“.
Нашите односи се пријателски, партнерски, сојузнички, а Хрватска и САД ги делат истите вредности – слобода, мир, демократија, заштита на човековите права и основни слободи, додаде Јандроковиќ.
Пелоси оцени дека односите на САД со Хрватска растат на сите нивоа.
Нашата безбедносна соработка е важна не само за регионот, туку и за мирот во поширока смисла, рече таа.
Пелоси и Јандроковиќ посочија и дека постигнувањето договор за избегнување на двојното оданочување ќе доведе до зајакнување на економските врски и инвестициите.
Претседателот на хрватскиот Сабор рече и дека разговарале за ситуацијата во регионот и „искажале цврсто уверување дека процесот на проширување на Европската унија и НАТО е корисен за стабилноста на регионот“.
Но, сите земји кои сакаат да го достигнат тоа ниво мора да ги исполнат критериумите и неопходните стандарди, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.