Милица Ѓурѓиќ, партнерката на претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ, отворила приватна поликлиника во луксузниот станбено-деловен комплекс „Белград на вода“ тврди „Нова.рс“,
Ѓурѓиќ наводни за отворање на оваа здравствена установа подигнала заем од 1,6 милиони евра, откако го ставила под хипотека станот на нејзиниот партнер на улицата „Шолина“ на Дедиње.
Партнерката на Ана Брнабиќ неодамна ја отворила фирмата „MD Clinic“ која, како што напиша „Нова.рс“, се занимава со „изнајмување сопствени или изнајмени имоти и управување со нив“, а сега отвора и поликлиника.
Банката одобри заем за новиот „бизнис“ на специјалист по радиологија д-р Милица Ѓурѓиќ преку фирмата „МД Клиник“. Станува збор за кредит за кој е ставена хипотека на станот на поранешниот премиер на Дедиње.
Извор Нова.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.