Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната. Соопштението доаѓа откако Управниот суд соопшти дека ја одбиле нивната жалба против одлуката за забрана на Парадата на гордоста.
Ако му се верува на министерот за внатрешни работи и на пресудата на Управниот суд со која се отфрли жалбата на организаторот, прошетката на EuroPride е забранета од ова министерство. Но, ние како активисти го користиме нашето демократско право на граѓанска непослушност и протест пред Уставниот суд, од каде заедно ќе одиме до Паркот на гордоста (стадион Ташмајдан) – најавија организаторите.
Исто така, тие истакнаа дека веруваат дека „како граѓани на оваа земја ќе бидат безбедни, иако го користат своето демократско право на протести“.
За овој собир беше информирано МВР. По протестот ќе се собереме на стадионот Ташмајдан каде програмата ќе се одржи според првичниот план. Сметаме дека денешниот ден е од историско значење за ЛГБТИ+ заедницата во Србија и регионот – велат во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.