Просечните цени на основната храна во Романија, опфатени со усвоената владина регулатива за ограничување на трговските маржи, паднаа до 49 отсто во големите синџири на продавници во август оваа година во споредба со јуни 2023 година, покажуваат податоците анализирани од Советот за конкуренција, кои беа објавени денеска.
Најголемо намалување е забележано кај цената на овошјето и зеленчукот. Просечната цена на сливите е намалена за 49 отсто, на грозјето за 47 отсто, а на доматите, кромидот, жолтите пиперки, морковот и компирот од 31 до 37 проценти во однос на извештајниот период.
Во категоријата млечни производи, просечната цена на сирењето е пониска за 16,3 отсто, на јогуртот за 10,5 отсто, а на млекото за 6,2 отсто.
Во август се намалија и цените на другите производи во потрошувачката кошница, како брашното, лебот, путерот, маслото, јајцата и шеќерот. Поевтинија и пилешкото и свинското месо, со исклучок на свинскиот бут со коски, чија цена е благо зголемена – за 2 отсто.
– Во анализата направена во текот на целиот август забележавме дека во повеќето продавници има попусти на основните прехранбени производи. Утврдивме дека просечните цени на некои намирници постепено се намалуваат, овде се работи за јогурт, пченка, свинско месо, кромид, моркови, пиперки, сливи и грозје, но има и производи како леб, брашно, јајца за кои цените варираат, но се под просечната цена од јуни, изјави Бохдан Кирицоју, претседател на Советот за конкуренција.
На 1 август 2023 година стапи во сила владината регулатива со која се постави плафон на цените на основните производи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.