Шест малолетници се повредени во Љубушкo, БиХ, при пад на дел од структурата на рингишпилот. Во моментот на падот на вртелешката се наоѓале неколку лица, а како што пренесува порталот „hercegovina.info“, неколкумина од нив, претежно деца, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

„Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави Мила Чавар, портпарол на МУП на Владата на Западна Херцеговина.

Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.